КРАЛИЦИ НА СКАНДАЛИ: Жените во овие хороскопски знаци се убедливо најголемите ’грешнички’ (чувајте си ги партнерите од нив!)
РИБИ
Жената од овој знак е вистинска робинка на љубовта. За неа сексот е повеќе од физичко искуство. За неа, тоа е вид медитација и екстаза. Сè во едно. На машкото секогаш му го дава целото срце и секој дел од телото. Кај неа нема забранети зони. За разлика од другите ’грешници’, таа никогаш не изневерува, но нејзиното срце е превртливо и за само еден миг како се ’запалила’, така и ќе се ’олади’. Тогаш веќе е во потрага по втора прилика. И кон овој нов човек ќе му се фрли во прегратка како прв пат во животот да е вљубена и како никогаш пред тоа да не сакала никого.
Од сите ’лошки’ во хороскопот, жената-Риба е најискрена во својата грешност. Таа има душа на љубопитно дете, ама во тело на похотлива божица на сексот. Затоа не ги разбира сите тие општествени стеги и никогаш нема да си помисли дека прави нешто погрешно. Сите нејзини врски и врскичиња се толку длабоко страстни, комплицирани, но и неверојатно искрени.