Зошто чоколадите со тек на време добиваат чуден бел слој (и дали смеете да ги јадете)?
Масното цветење од друга страна пак се случува кога маста од чоколадото ќе избие на површината. Оваа појава се случува ако го чувате чоколадото на топло, како и големите промени во температурата. Но ова не треба премногу да ве загрижува, особено ако сте голем обожавател на благото. Белиот слој на чоколадото е само шеќер или маст, па ако го изедете нема ништо да ви се случи! Цветењето може да влијае само на текстурата поради што чоколадото најверојатно ќе добие малку поинаков вкус. Некои луѓе можат да ја забележат разликата, а некои НЕ ја забележуваат, а сето тоа зависи од тоа како ја доживувате идејата (и желбата) да изедете чоколадо кое можеби е старо и неколку години.
Па, колку често ви се случува да пронајдете скриени стари чоколада и дали ги јадете? Споделете во коментарите …
Извор: Finirecepti.net.hr