Нега и здравје

Една чаша црвено вино е еднакво на еден час во теретана, а еве и зошто…

Advertisement

 Едно ново истражување открива дека прескокнување термин во салата за вежбање во корист на кафулето во кое излегувате може и да не е толку лошо!

Advertisement

Љубите добра чаша вино, ама мразите брзање накај теретаната за да ја ’одработите’ задачата? Оваа вест ќе ви го разубави денот.

Истражувањето спроведено од страна на Универзитетот „Алберта“ од Канада покажа дека здравствените придобивки во ресвератролот, соединение што се наоѓа во црвеното вино, се слични на оние што ги добиваме од вежбање.

Црвено вино против една тешка сесија на справата за трчање? Сега тоа е нешто со кое дефинитивно ќе можеме да се справиме.

Advertisement

Според водечкиот истражувач, Џејсон Дајк, овие наоди особено ќе им помогнат на оние кои не може да вежбаат. Ресвератролот ги подобрува физичките перформанси, функцијата на срцето и мускулна сила на ист начин како што тие се подобруваат по една сесија во теретаната.

„Мислам дека ресвератролот може да им помогне на пациентите кои сакаат да се вежбаат, но се физички неспособни“, вели тој.

„Ресвератролот може да имитира вежби за нив или да ги подобри  бенефитите од скромното вежбање што тие може да го прават.“

Дискусијата во однос на здравствените придобивки од црвеното вино се добро документирани. Истражувањата покажаа дека оние кои пијат една чаша црвено вино на ден се со помала веројатност дека ќе развијат деменција или рак, дека виното е добро за срцето, за анти-стареењето и дека може да го регулира шеќерот во крвта.

А сега истражувањето го поддржува и фактот дека виното ја зголемува стапката на отчукување на срцето! Ова е буквално најдоброто нешто од сето ова.

Сепак, ајде да бидеме директни  – тоа важи за умерени количини, се однесува само на црвеното вино и универзитетската студија беше спроведена на глувци, а не на луѓе.

Но што доколку сакате да го зголемите внесувањето на ресвератролот? Обидете се со боровинки, путер од кикирики, црвено грозје и темно чоколадо. Запомнете, балансирана исхрана е она што е најдобро.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button