Нема да ви се верува кого сретнавме на црвениот килим што беше послан специјално за Заев
Еве го господинот Заев на црвениот килим
Вчера на неколку македонски портали беше објавена веста дека специјално за гостувањето на премиерот Заев во Тиквешијата бил распослан црвен килим меѓу виновите лози?! Премиерот кој беше во Тиквешијата за да закрои лозово гранче по повод верскиот празник Св Трифун поради овој каприц беше жестоко критикуван на социјалните мрежи. И навистина, кога на прв поглед ќе ја прочитате веста, голема е веројатноста да си помислите дека специјално за премерот во калта бил поставен црвен килим. И дека тоа ги преминува границите. И откако ќе ги прочитате коментарите на социјалните мрежи, ќе забележите покрај критиките и многу коментари во кои има експлицитен говор на омраза. Едноставно наслови од типот „Црвен килим за Заев сред нива“ изгледаат претенденциозно, а сите што шират говор на омраза сакаат да веруваат дека тоа навистина е така. Демек премиерот забегал 200%. Но, откако ќе ја видите следната фотографија, на која сосем случајно налетавме на социјалните мрежи, ќе ви стане јасно дека не станува збор за никаков црвен килим туку за политичка пропаганда. И за обичен тепих во црвена боја, поставен преку палети за да не се извалкаат гостите…
А меѓу нив и Берта!