Овие чизми се хит и се почесто ги гледаме на улиците во Скопје, Куманово, Битола … Еве каде се кријат најдобрите модели
Нов тренд кој се најде на нашите радари
Станува збор за чизми, високи и ниски, во бојата која е хит оваа сезона – црвена! Трендот полека ги освојува и нашите улици, а тоа го видовме и од кампањата MAKE A STATEMENT на брендот C-THRU што во моментов се одвива на Инстаграм во Македонија и преку која можете да освоите мнооогу интересни награди (повеќе за ова прочитајте тука). Нашите девојки кои можете да ги видите и во оваа галерија веќе ги носат своите модели кои им се омилени и на најпознатите светски трендсетерки, и изгледаат беспрекорно! Тие се совршен избор кога сакате да ги разбиете тмурните есенски комбинации и да го подигнете вашиот стил на повисоко ниво. Најпопуларни се секако моделите над колена кои што изгледаат како чорапи, но не треба да заборавите, кога станува збор за црвената боја, моделот и висината и не се толку важни. Важно е само дали во нив се чувствувате удобно и дали одговараат на вашиот стил.
https://www.instagram.com/p/BalXOXelE15/
https://www.instagram.com/p/BaePvFOn5fn/
Излозите на продавниците оваа сезона се преполни со чизми во сите нијанси на црвено, а на крајот од овој текст ве чека и една галерија со најдобрите модели меѓу кои сме сигурни дека ќе најдете барем еден пар кој ќе се вклопи во вашиот стил.
види повеќе » |