Не се сите Црногорци мрзливи – еве го човекот што ја светна Кардашијан пред фотографирањето
Канје Вест покрај тоа што дозволи неговата сопруга да се разголи и да ги направи фотографиите за кои ќе зборува целиот свет, тој дозволи и друг да ја намачка старлетата со масло пред фотографирањето.
Според американските медиуми, Канје Вест за целото време на снимањето бил со старлетата. Според Radaronline, Канје не би дозволил старлетата да биде гола на некое снимање ако и тој не е присутен таму.
Но, тој дозволи Црногорецот Марио Дедивановиќ, шминкер и стилист кој подолго време работи со Ким, да ја намачка старлетата со бебешкото масло поради што таа на фотографијата испадна како глазирана крофничка.
Каков апсурд – Црногорец со една од најдобрите работи во светот …
Инаку, Марио по потекло е од Црна Гора и според него, подготовките за сликањето траеле само 20 минути, бидејќи шминката била едноставна, а најмногу време потрошиле за нејзината фризура.
Извор. Blic.rs