Реклама
FashionМодни совети

Црна – боја на моќта, авторитетот и интелигенцијата

Реклама

Црната боја никогаш не излегува од мода. Црна јакна и црн фустан најверојатно се парчиња облека која секоја жена ги има во својот плакар. Црната боја вообичаено се смета за таинствена. Таа штити од емотивен стрес и смирува. Со неа се креира бариера помеѓу себе и надворешниот свет, затоа што нуди удобност и пријатност.

Обично црната боја се носи во време на жалост, затоа што ја сокрива ранливоста. Во психололшка смисла, црната боја ја претставува личноста која има знаење, но и моќ.

Маркетинг

Ако сакатете да воспоставите близок контакт со некого, црната боја на некој начин може да ве спречи во ова. Црната покажува самоконтрола, дисциплина, независност, авторитет и моќ. Црната е и боја на свеченост и елеганција. Оваа боја може да биде и заводлива, во зависност од парчето облека.

Ако носите црна боја, ќе изгледате послаби, но исто така можете да ја користите и доколку сакате да истакнете некој дел од вашето тело, зашто во комбинација со неа, другите бои се поизразени.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button