Личностите родени во знакот Лав на секаков можен начин се трудат да го добијат потребното внимание. Тие толку се заљубени во себе, што дури може да изгорат од таквата љубов. И тоа се случува не мноту ретко. Дури понекогаш може да ги видите и како самите се бакнуваат во огледало!
Оние кои се родени во овој хороскопски знак без извинување може да се вмешаат во разговор и не внимаваат на она што ќе го кажат, зашто во многу ситуации јазикот им е побрз од умот. За својот роденден очекуваат да им биде организирано спектакуларно изненадување и не стапуваат лесно во брак, затоа што никој не е доволно добар за нив. Доколку се во брак – своите сопружници и понатаму ги држат во кујната…
Тие постојано очекуваат како психичко, така и физичко внимание од другите, а ако не го добијат тоа од некој, сметаат дека таа личност е дрска.
Некои личности родени во знакот Лав се способни да направат многу работи со цел дополнително да го свртат вниманието на себе. И во некои ситуеции се многууспешни во тоа.
Поговорката вели: „Убавиот збор железни врати отвора“, но најверојатно тоа не важи кај Лавовите. Тие секоја врата ја отвораат со викање и рикање. Очекуваат аплаузи кога влегуваат во некоја просторија, но честопати поради ова се тема на озборување. Сите во одреден период од животот сме закачувале постери од личности кои ги обожаваме, а Лавовите секогаш си закачуваат на ѕид слика од себе!