Се уште не сте убедени во својствата на црното чоколадо?
Можеби овие неколку податоци ќе ве разубедат!
1. Помага кај сува кожа
Железо, калциум, витамини А, Б1, Ц, Д и Е се само некои од хранливите материи кои ги содржи црното чоколадо. Наместо шолја кафе или зелен чај, подобро земете една шолја какао, која ќе ја хидрира вашата кожа и ќе и го врати изгубениот сјај. Мртвите клетки на кожата можете многу лесно да ти отстраните со чоколаден пилинг кој лесно може и дома да го направите – само измешајте маслиново масло, кафен шеќер, какао во прав и ванила.
2. Ве штити од штетните UV – зраци
Флавонолите кои се наоѓаат во црното чоколадо е докажано дека и помагаат на кожата од изгореници, црвенила и други знаци на оштетување од УВ зраците. Кога ќе се нанесе директно на кожата, црното чоколадо и дава способност на кожата да се обновува и хидрира. Но, секако е пожелно и понатаму да нанесувате крема за сончање со висок заштитен фактор.
3. Ги намалува брчките
Откако ќе изедете едно парче црно чоколадо, кожата делува многу посмирено и поглатко. Освен тоа, на сите им е познато како делува стресот на вашата кожа, а токму какаото го намалува количеството на стресни хормони. Тоа значи дека помалку колаген ќе се собира на вашата кожа, а со тоа се намалуваат и брчките на вашето лице.
4. Го враќа сјајот на косата
Домашно направена незасладен маска за коса од црно чоколадо? Секако! На чоколадото додадете мед и јогурт, потоа таа смеса нанесете ја на косата. Косата прекријте ја со фолија и оставете ја да одстои еден час. Потоа измијте ја со ладна вода и уживајте во сјајната коса.
5. Го поттикнува растењето на косата
Бакарот, цинкот и железото се минерали кои го поттикнуваат обновувањето на клетките кој го овозможуваат растењето на косата, а токму црното чоколадо е преполно со тие состојки. Со секојдневното консумирање на чоколадото, ќе го зголемите протокот на кислород и крв во кожата од главата, а вашата коса за брзо време ќе биде здрава и силна.