Мммм.. време е за слатко задоволство!
Со помош на овој рецепт брзо и лесно ќе подготвите одличен десерт со кој пријатно ќе ги изненадите најблиските.
Состојки
650 мл. млеко
200 г. бршно
35 г. какао
6 лажички шеќер во прав
2 јајца
2 лажички растопен путер
1 ванилин шеќер
малку сол
круша
За карамелата
200 г шеќер
две лажички вода
20 г. путер
200 мл. слатка павлака
малку сол
ПОДГОТОВКА
Палачинки: измешајте ги брашното и какаото и додадете ги сите останати состојки и една шолја млеко. Измешајте убаво со миксер за да добиете мазна смеса и додадете го преостанатото млеко. Убаво измешајте и оставете да отстои половина час. Пред печењето на секоја палачинка подмачкајте ја тавата со малку путер. Кога ќе бидат готови палачинките ставете ги ситно исечените круши (или банани) прелијте со карамела и свиткајте. Прелијте ги палачинките со карамела (а може и со чоколадо, шлаг со вкус на ванила или јагода).
Карамела: од шеќерот и две лажички вида направете стакленеста карамела и додадете путер, измешајте, па додадете топла слатка павлака и малку сол. Варете на ниска температура две-три минути.