Рецепти

Чоколадни коцки од кокос

Реклама
Реклама

Овие прекрасни коцки од чоколадо и кокос нема да ви одземат многу време, а многу ќе ви се допаднат.

Маркетинг

Можете да ги подготвите како изненадување за семејството или за специјални прилики.

Состојки:

4 белки
·    1 лажичка екстракт од ванила
·    1/4 шолја од 250 мл., или малку повеќе мед
·    1/4 шолја какао прав
·    малку морска сол
·    2 шолји кокосово брашно

Маркетинг

За прелив:

·    130 гр. чоколадо за готвење, темно или млечно, по избор
·    1 лажичка кокосово масло (или обично растително)

Загрејте ја рерната на 180C. Земете една тава со приближни димензии од 11×21 см и обложете ја со хартија за печење. Во соодветен сад изматете ги белките со миксер за да добиете мек снег, додадете го медот и ванилата и продолжете да матете додека не добиете цврст снег. Додадете го какаото и трошка сол и продолжете да матете, па постепено додадете го и кокосовото брашно и добиената смеса потоа распоредете ја во тавата. Ставете ја во загреарната рерна и печете околу 25 минути или малку повеќе (проверете со чепкалка за заби – забодете ја во тестото и ако ја извадите чиста, тоа значи дека тестото е испечено). Извадете ја тавата од рерната и оставете ја тестото целосно да се олади.

Стопете ги чоколадото и маслото на пареа па нанесете го добиениот прелив на оладеното тесто. Оставете во фрижидер за чоколадото да се стврдне и потоа исечете на 8 или повеќе коцки, само внимателно бидејќи коцките од кокос се прилично осетливи.

Извор: Coconutmama

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button