Оваа торта е многу вкусна и сочна, и многу едноставно се прави. Што е најважно, не мора да сте експерт за торти и колачи – 100% ќе ви успее!
Потребни состојки:
– 6 јајца
– 6 лажици кафеав шеќер (може и бел)
– 3 лажици брашно
– 3 лажици какао
– 400 гр. чоколада (најдобро половина чоколада за готвење половина млечна)
– 100 гр. путер
– 4 дл. павлака за готвење
– 0,5 дл. рум (плус малку рум за посипување на кората)
– 1 дл. млеко (за посипување на кората
Подготовка
Тесто
6 жолчки се матат со миксер со 6 лажици шеќер. Се додаваат 3 лажици брашно и 3 полни лажици какао.
Посебно се матат белките со малку сол и потоа се заедно се меша со лажица. Се пече во калап намачкан со масло (калап за печење торта на кој му се тргаат страните) на 180ºЦ околу 20 минути.
Фил
Стопете 400 гр. чоколада на пареа со 100 гр. путер и 0,5 дл. рум. Посебно загрејте 4 дл. павлака за готвење скоро до вриење, но не смее да зоврие. Тргнете го чоколадото од пареата, додајте ја павлаката и измешајте се заедно.
Тестото извадете го од рерната, оставете го да се олади па исечете го. Во оладениот калап во кој се печело тестото ставете една кора, убаво напрскајте ја со млеко измешано со малку рум или ликер од ореви па преку тоа ставете еден слој од филот. Ставете ја другата кора, исто така напрскајте ја со млеко и рум па прелијте ја со остатокот од филот. Филот ќе биде течен, но ќе се впие во тестото и тортата ќе биде сочна. Филот по неколку часа убаво ќе се стврдне и ќе биде кремаст. Оставете ја тортата убаво да се олади па потоа ставете ја во фрижидер. Кога тортата убаво ќе се олади во фрижидерот внимателно извадете го обрачот на калапот за печење и ако сакате украсете ја со шлаг или некаква друга декорација.
Извор: korisno.net