Реклама
Нега и здравје

Мајки внимавајте: Чоколадите се нешто најлошо за децата

Реклама

„Парче леб премачкано со свинска маст и црвен пипер е многу поздрава храна отколку млечните чоколади, вели за српскиот Блиц“, докторот Недељко Радловиќ, педијатар во Универзитетската детска клиника.

Спорд него на децата не треба воопшто да им се даваат млечни чоколади доколку сакаме тие да бидат здрави и долго да живеат.
„Комбинација од млечна маст и сахароза која што ја дава фруктозата е најдобриот пат некому да му ги затворите крвните садови, односно да добие атеросклероза“, вели докторот .

Маркетинг

Според него потребно е да се промени свеста кај децата, но и кај родителите и наместо млечно чоколадо да им се дава црно чоколадо кое што е многу поздраво.

Според стручните лица, млечните чоколади содржат и до три пати помалку какао отколку црните, додека млекото содржи маснотии кои го покачуваат нивото на холестеролот. Од друга страна многу поголема количина на шеќер има кај млечното чоколадо, со што се подобрува вкусот, но затоа пак тоа станува поштетно.

Маркетинг

Според др.Љубомир Пфаф, кој е еден од најистакнатите нутриционисти во Србија, лебот премачкан со природна маст е многу подобра и поздвара варијанта од чоколадото.

Се што имате во чоколадото имате и во лебот. Но, доколку врз лебот намачкате и маст, тогаш имате и А, Д, Е и К витимани. А доколку тоа го направите на црн леб, тогаш во организмот го внесувате и комплексот Б-витамини, што е многу поздраво од чоколадото“, вели Пфаф за Блиц.

извор: Blic.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button