Рецепти

Чоколаден колач со крем сирење

Реклама
Реклама

Овие сензационални колачиња претставуваат одличен спој од вкусна кора од чоколадни бисквити, крем сирење и глазура од чоколадо. Имаат навистина неодолив вкус и едноставно морате да ги пробате!

Маркетинг

Потребни состојки:

За кората
·    170 гр. чоколадни бисквити, мелени
·    6 лажици стопен путер
·    1/3 шолја мелени бадеми
·    2 лажици како прав
·    ½ шолја ситно исечкано чоколадо

Крем
·    340 гр. крем сирење
·    100 гр. шеќер
·    3 јајца
·    180 гр. бело чоколадо

Маркетинг

Глазура
·    ¾ шолја чоколадо за готвење иситнето на парченца
·    125 мл. слатка павлака

Во соодветен сад измешајте ги мелените бисквити, какаото, бадемите, чоколадото и путерот додека се убаво не се соединат. Потоа смесата убаво притиснете ја со прстите во правоаголен калап, убаво да се залепи дното и страните, па ставете го калапот во фрижидерот и вклучете ја рерната да се загрева на 165C.

За кремот, растопете ја белата чоколада на пареа или во микробранова печка и потоа оставете ја околу пет минути да се излади. Во поголем сад изматете ги со миксер крем сирењето и шеќерот, а потоа додадете ги јајцата, убаво изматете, па додајте ја и стопената бела чоколада. Потоа сипете го кремот врз оладената кора и печете околу 40 минути.

Глазурата ќе ја подготвите така што ќе ја загреете павлаката и ќе ја прелиете врз ситно исечканата чоколада и ќе мешате додека не добиете мазна, свиленкаста глазура. Кога ќе се испече колачот и целосно ќе се излади прелијте го со глазурата, а кога глазурата ќе се стврдне, можете да го исечете на коцки или правоаголници, по ваша желба.

Извор: Roxanas home baking.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button