Кафе муабет

Coffee Nap – нов тренди ритуал кој дава енергија и е мошне популарен на социјалните мрежи

Advertisement

Тренди ритуал за тренди луѓе!

Advertisement

Кафето е класик на кој му се навраќаме секое утро, но и секогаш кога ни е потребна дополнителна доза кофеин и енергија. Од друга страна и краткиот попладневен одмор подеднакво е популарен и успешен кога сакаме да се пододмориме и да собереме енергија да го продолжиме денот. Овие две работи иако на прв поглед изгледаат потполно различно, нивната цел е иста, а магичната формула цело време се криела токму во нивниот спој.

Што е Coffe Nap?

Advertisement

Кафенце и краток „nap“ се два речиси неспоиви ритуали. И додека многумина ќе посегнат по шолја кафе дури откако ќе завршат со попладневниот одмор, кафето пред оние 30-на минути сон преку ден преполн со обврски се претвора во вистински power nap. Необичниот спој веќе освои многумина и се претвори во нов „lifestyle“ тренд кој ќе посакате и вие да го пробате веднаш. Coffee nap е ритуал зад кој се наоѓа токму вкусното кафе и краткиот сон и тоа по тој редослед. Веднаш по една шолја кафенце, време е за краток одмор.

Иако звучи необично, објаснувањето што стои зад овој тренди ритуал ќе ги воодушеви и најголемите скептици. Околу 30 минути потребно е како кофеинот од омилениот топол напиток ќе почне да делува. Па ако го испиете чекањето на магичната boost енергија која ви ја носи кофеинот со краткиот одмор, резултатот ќе биде изненадувачки добар.

Позитивниот ефект на овој генијален ритуал го потврдија и неколку научни истражувања, но важно е да споменеме дека овој тренд, впрочем како и многу други, не е за секого. Ако имате осетлив желудник тогаш најдобро е кафето да го замените со зелен чај, додека оние кои се чувствителни на кофеин кафето или чајот најдобро е да го прескокнат.

Но ако и вие сте љубител на кафето и на попладневните дремки тогаш зошто да не му дадете шанса на овој необичен спој, нели? Само не заборавајте на овие две работи – прво, потребно ви е само една лажичка кафе и второ, поради неговото магично делување, избегнувајте го овој ритуал во доцните попладневни или ноќни часови.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button