„Британскиот рок гитарист Eric Clapton продаде повеќе од 70 гитари на аукција за добротворни цели во New York.“ Продажбата преку Bonhams (позната Британска аукциска куќа за фина уметност и антиквитети основана 1793) ја зголеми сметката на Центарот за рехабилитација од дрога и алкохол во Antigua за $2.15m, чив основач е самиот Clapton.
1948 Gibson Hollowbody ја достигна највисоката цена од $83.000, многу повисока од нејзината проценета вредност до $30.000. Во продажбата исто така биле вклучени амплифаери и Gianni Versace костум направен за Клептоновиот концерт во Royal Albert Hall, 1990.
Друга значајна гитара продадена на аукцијата е копија од познатиот Fender Stratocaster, познат како “Blackie”, која достигна повеќе од $30.000. Оригиналот беше аукциран пред 7 години кога беше продаден за само нешто помалку од $1m (£600,000).
Clаpton го основаше Crossroads Centre, Antigua во 1998, после совладувањето на својата зависност од алкохол и хероин. Претходно одржани се 2 аукции со цел да се инвестира во центарот, во 1999 и 2004.