Овие чизми ги поделија мислењата на социјалните мрежи
Без разлика дали во текот на неделата температурите ќе бидат уште пониски или сонцето ќе ни се врати и ќе остане уште малце на хоризонтот, во светот на модата сезоната на чизми е отворена! Познатите продавници секојдневно добиваат нови модели, а од сите неодоливи парчиња треба да избереме само еден (или евентуално два) кои најмногу одговараат на нашиот стил. Но околу овие кожени чизми од Зара сигурно нема премногу да размислувате, бидејќи ако не ви се допаднат од прва, сигурно нема да ги сакате и бесплатно да ви ги дадат.
Станува збор за моторџиски чизми кои се многу слични на еден од најпознатите модели за оваа сезона (види тука), но различен по тоа што имаат крзнен детаљ кој ѕирка кај јазикот и потсетува на фризура. И додека не едни ќе им изгледаат смешно, другите ќе се вљубат во нив токму поради овој детаљ, па сами одлучете дали ви се допаѓаат или не …
Па, дали ви се допаѓа овој модел?