Мажите не можат да ги поднесат, а жените ги обожаваат – најпопуларните чизми сега се насекаде и низ Македонија
Еве какви чизми ќе носиме оваа сезона
И покрај тоа што на пазарот се појавија пред цели десет години, се уште се меѓу најпопуларните модели, а тоа можеме да го видите и од бројни трендсетерки кои оваа сезона не излегуваат од нив. Станува збор за култните чизми до глужд од „Chloe“ кои се зачинети со три ремчиња и метални нитни поради што го имаат тој рокерски дух во себе. Можете да ги носите во најразлични модни комбинации, а тоа досега можевме да го видиме од бројните изданија на славните девојки како Миранда Кер, Сиена Милер, Кејт Босворт па и Ким Кардашијан кои едноставно не излегуваат од нив. Во прашање е моделот „Susanna“ што „Chloe“ на пазарот го претстави во 2008 година, а покрај различните бои во кои можеше досега да се најде (црна, бела, беж и некои други нијанси) минатата година во продавниците се појави и прекрасен модел од кадифе. Нивната цена се движи околу 1200 евра, а низ продавниците во Македонија може да најдете одлична копија со цена од 1000 до 6000 денари.
И познатата српската блогерка Зорана ги обожава овие чизми …
Покрај овој модел и модната куќа „Givenchy“ пред неколку години дизајнираше сличен модел кој исто така важи за моден класик. Комбинацијата на црната кожа и металните детали слична е на култниот модел од „Chloe“, а и нивна копија исто така може да се најде низ продавниците во Македонија со многу попристојни цени. Можете да ги носите како со „skinny“ фармерки, така и со бохо фустани и предимензионирани дебели џемпери, па дефинитивно нема да погрешите ако решите оваа сезона да инвестирате во нив.
Единствениот проблем е што некои мажи не ги поднесуваат, но кој ги шиша – тоа не значи дека треба да се откажеме од нив, нели?
Што мислите вие?
види повеќе » |