Модни совети

Како да носиме чизми до над колена оваа есен и зима?

Advertisement

Тие се совршени за секој зимски аутфит доколку сакате да изгедате модерно и секси, а ако ги комбинирате со вистинските парчиња ќе добиете совршен стил како за вечерни, така и за дневни пригоди.

Advertisement

Чизмите до над колена се носеа и претходната година и најверојатно веќе имате пар или два во вашите плакари… Достапни се во најразлични облици и изгледаат секси, а и згодни се за носење. Сите се согласуваат дека чизмите до над колена ќе бидат апсолутен тренд за есен/зима 2014-15, а можете да ги носите со кратки здолништа, фармерки, панталони, хеланки… Не треба да заборавите да оставите неколку сантиметри за „вентилација“, а што се однесува до крајниот резултат, тоа е и повеќе од очигледно – овие модели, без разлика дали станува збор за модел со високи потпетици или не, од антилоп, во боја или од црна кожа – тие ќе направат вашите нозе визуелно да изгледаат многу подолго.

Оваа сезона можете да ги носите со миди здолниште или фустан кој има прорез од страната (или во средината), но и со мини здолништа и фустани кои завршуваат на местото каде започнуваат чизмите. Не треба да ги носите со тесни мини фустани (ова изгледа премногу вулгарно), но затоа пак од сé срце ви препорачуваме да ги пробате комбинациите со плетени XXL џемпери или плетени фустани кои исто така се мошне популарни ова сезона.

Advertisement
види повеќе »

Ако сакате да ги видите цените на најубавите модели на овие чизми од најпознатите „high-street“ брендови во Македонија, кликнете тука »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button