Прекрасни цитати за надежта кои можат да ве охрабрат и поттикнат во вашето секојдневие

За жал, честопати во секојдневието луѓето се среќаваат со многу разочарувања кои може да им претставуваат пречка во нивниот пат кон успехот.
За жал, честопати во секојдневието луѓето се среќаваат со многу разочарувања кои може да им претставуваат пречка во нивниот пат кон успехот. Некои од нив брзо успеваат да ја вратат својата сила, додека пак други целосно губат надеж. Но, што би бил човекот доколку не се надева? Секој во одреден период доживува некои неуспеси и падови, но важно е брзо да успеете да ја вратите надежта. За таа цел, погледнете ги овие цитати кои ќе ви покажат дека и покрај целата темнина, некаде постои некоја светла точка.
„Оптимизмот е верба која води кон достигнувања. Ништо не може да биде направено без надеж и доверба.“ – Хелен Келер
„Надежта значи да бидете способни да видите дека постои светлина покрај целата темнина.“ – Десмонд Туту
„Добриот учител може да инспирира надеж, да ја распламти фантазијата и да ја всели љубовта за учење.“ – Брад Хенри
„Мораме да ги прифатиме конечните разочарувања, но никогаш да не ја изгубиме бесконечната надеж.“ – Мартин Лутер Кинг
„Дозволете ѝ на вашата надеж, а не на вашата болка, да ви ја одреди иднината.“ – Роберт Шулер
„Јас наоѓам надеж во најтемните денови и се фокусирам на светлината. Не го осудувам универзумот.“ – Далај Лама
„Да живеете без надеж е како да престанете да живеете.“ – Фјодор Достоевски
„Надежта лежи во соништата, во имагинацијата и во храброста на оние кои се осмелуваат соништата да ги претворат во реалност.“ – Џонас Салк
„Сѐ што е направено во светот е направено од надежта.“ – Мартин Лутер Кинг
„Добро е кога сѐ што имате е надеж, а не очекувања.“ – Дени Бојли
„Моите надежи не се остваруваат секогаш, но секогаш се надевам.“ – Овид
„Без оглед на тоа колку пати нема да успеете, морате да бидете решени да успеете. Не треба да губите надеж. Не запирајте во вашето невреме. Не откажувајте се толку лесно.“ – Тони Нарамс
„Не можете да промените никого, освен самите себе. Секогаш надевајте се на најдоброто, но продолжете да го живеете животот, без оглед на сѐ.“ – Кејт Андерсон
„Почетокот на нешто ново носи надеж за нешто големо, сѐ е возможно.“ – Непознат автор
„Каде што расте надежта, цутат чудата.“ – Непознат автор