Драги жени, во продолжение ви прикажуваме неколку познати, но и помалку познати цитати кои зборуваат за мотивацијата која секогаш е потребна. Еве што издвоивме за вас, а ако нешто посебно ви се допаѓа, издвојте го тоа и запишете го на место каде што ќе го гледате секој ден и ќе ве потсетува на вашата сила.

„Бидете благодарни за она што го имате, затоа што така на крај ќе имате повеќе. Ако се посветите на она што го немате, никогаш нема да имате доволно“. – Опра Винфри
„Многумина сакаат да се возат со вас во автомобил, но она што ви треба е некој кој ќе тргне со автобус со вас кога ќе ви се расипе автомобилот“. – Опра Винфри
„За да биде незаменлива, жената секогаш мора да биде малку поинаква.“ – Коко Шанел
„Жена без парфем е жена без иднина“. – Коко Шанел
„Ако нешто не ви се допаѓа на улицата по која одите, обидете се да најдете друга“. – Доли Партон
„Само едно нешто е подобро и поубаво од жената: Мајката“ – А. Шефер
„Пристојна жена е онаа дама која знае што не смее да знае, иако знае се’“. – Ж. П. Белмондо
„Никогаш не престанувај да се смееш, дури и кога си тажна, затоа што никогаш не знаеш кој може да се заљуби во твојата насмевка“. – Г. Г. Маркез
„Посветете ѝ се на својата идеја. Тргнете кон нејзина реализација. Борете се за неа. Надминете ги своите стравови. Смејте се, и не заборавајте, тоа е вашиот сон“. – Балзак
„Добро вино и убава жена – тоа се два најубави отрови“. – Народна поговорка