Циметот содржи голем број корисни материи, есенцијални масла, калциум и хранливи влакна. Но, она што е чудотворно кај него е што ви помага да ги изгубите вишокот килограми и да останете здрави.

Хранливите влакна од циметот ви помагаат во нормализирање на столицата. Тој има антиоксидантно дејство и помага при настинки. Исто така ги намалува холестеролот и шеќерот во крвта. Мирисот на циметот значително го подобрува расположението, а циметото во прав го зголемува рокот на траење на производите.
Како да го користите циметот ако сакате да ослабнете?
Најдобро е да користите чај од цимет и малку мед. Направете го така што 1 лажичка мелен цимет ќе ја прелиете со чаша зовриена вода. Почекајте малку да се излади, па додајте и 2 лажици мед. Оставете да стои на ладно место. Пијте половина чаша наутро, на празен стомак, а другата половина навечер, пред спиење.
Што лекува чајот од цимет?
Чајот од мед и цимет ги лекува овие болести:
- Настинка – намалува воспаленија
- Артритис
- Срцеви болести
- Воспаление на мочните патишта
- Го зајакнува имунитетот
- Сречува грип и вирусни инфекции
- Го отстранува хроничниот умор
- Го заштитува телото
- Ве полни со енергија и се бори против прерано стареење