Реклама
Престиж

Автомобил монструм: Peugeot Onyx

Реклама

Откако пред само неколку дена на интернет протекоа првите фотки од новото чудовиште на Peugeot, ’увезено‘ од иднината и наречено Peugeot Onyx, ние веднаш се потрудивме да ги најдеме првите спецификации за него, пред истото да биде комплетно претставено на претстојниот саем за коли во Paris.

Инаку Onyx претставува дизел – електричен хибрид, со моќност на моторот од 600 КС и претставува концепт за иднината (се надеваме блиска) на најпознатиот француски производител. Моделов скоро со сигурност никогаш нема да се префрли на сериско производство, но ја покажува вистинското лице на Peugeot за она што следи. (Всушност, за самото значење на концептуалните автомобили кај производителите имаме пишувано опширно – доколку сакате а се потсетите, кликнете тука).

Маркетинг

Onyx својата моќ на движење ја добива од 3.7 литарскиот diesel V8 мотор, комбиниран со електричниот мотор на моделот 908 Hybrid4 Le Mans. Но тој модел никогаш не стигна на самата трка “Le Mans”, поради повлекувањето на компанијата од натпреварувањето во почетокот на оваа година.

alt

Маркетинг

И изгледа дека инженерите на Peugeot им било јасно дека вакви коли сега за сега ќе можат да произведуваат само за специјални прилики (како на пример, доколку Luc Besson се реши да прави и “Taxi 4”), па затоа се решиле истиот мотор да го искомбинират и во дел и кај овој ’транцедентен‘ ѕвер од светот на соништата.

alt

Моделов е конструиран од карбонски влакна и истиот тежи само 1 100 kg. а главните шизици од Peugeot тврдат дека може да дигне 100-ка за помалку од 3 секунди! Малата тежина се должи на веќе стекнатото искуство на Peugeot со претходни модели со карбонски влакна, па така основната структура му тежи само 100 kg.

alt

Но, ајде и ние да преминеме од зборови на дела и да ви покажеме за всушност го ’дужиме‘ цело време. А доколку фоткиве ептен ви останат во умот и истите ви предизвикаат несакани нус појави, проблемот ќе го решиме после споменатиот саем за коли во Paris, кога ќе дојдеме до податоците за третман на ваквите несакани дејствија.
 

alt 

{youtube}aqZd7FC8QLo{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button