ВестиХороскоп

Чудото од грчкиот остров: Разорен пожар го уништи храмот, но иконата на Христос остана недопрена! (Видео)

Разорен пожар го срамни со земја храмот „Сретение Господово“ на грчкиот остров Порос, оставајќи зад себе само пепел и тага. Но, среде пеплосаните урнатини, една светост остана недопрена – иконата на Христос како Велики Архиереј, неоштетена и постојана.

Advertisement

Во моментот кога пламените јазици безмилосно се ширеа, голтајќи го целиот храм, се случи нешто што човечкиот ум тешко може да го објасни. Огнот проголта сè – иконостасот, ѕидовите, и сите свети предмети – но единственото нешто што остана недопрено беше светата икона на Христос.

Огнената стихија избувна во средата, на 26 март 2025 година, целосно уништувајќи ја внатрешноста на црквата и оставајќи ги верниците во неверување и тага.

Advertisement

Десет пожарникари со пет возила се бореа со пламените јазици, со поддршка на пристанишната капетанија, но ништо не можеше да ја спаси црквата од разорната сила на огнот.

Првичните истраги укажуваат дека пожарот бил предизвикан од краток спој, додека надлежните служби продолжуваат со истражување на сите околности на овој трагичен настан, пишува грчкиот портал saronicmagazine.gr.

Advertisement

Но, среде трагедијата, се појави зрак надеж. Иконата на Христос како Велики Архиереј, која стоела на олтарот, чудесно останала сочувана. Сè околу неа било претворено во пепел, а единственото што огнот допрел била заштитната плексигласна површина, која изгорела, но светата икона останала недопрена.

фото-принтскрин vimaorthodoxias.gr

Фотографиите од местото на настанот сведочат за овој необјаснив феномен, кој многумина веќе го наречат чудо.

принтскрин -vimaorthodoxias.gr

Верниците со солзи во очите го набљудувале овој призор, доживувајќи го како јасен знак на Божјото присуство и утеха во овој тежок момент. Иконата на Христос, Кој како Велики Архиереј го благословува светот, остана сведоштво за непоколебливата вера и духовната сила што не може да биде уништена ни од најразорниот пламен.

Храмот „Сретение Господово“ со години беше не само духовен дом на многу верници, туку и непроценлив дел од културното наследство на островот Порос. Неговата локација во близина на Градскиот пазар и пешачката зона го правеше достапен и омилен меѓу туристите, додека неговите ѕидови чуваа вековна побожност и тишината на молитвата.

Сега, кога е во урнатини, започната е иницијатива за негова обнова, со поддршка на локалната заедница, општината Порос и Министерството за култура, кое ќе се ангажира за зачувување на ова свето и историски значајно место.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button