MAMAБебиња

Чудо од бебе родено двапати – мајката останала без матка во 20. недела од бременоста

За среќа, со помош на модерната медицина, лекарите успеале да ги спасат и мајката и нејзиното дете со уникатна и иновативна операција.

Advertisement

Ова мајка била во 12. недела од бременоста кога дознала дека има рак на јајниците, а лекарите извеле неверојатна операција со која ги спасиле и неа и бебето.

Постои посебен вид на ранливост која доаѓа со бременоста. Жените стануваат многу свесни за моќта на своето тело и неговата способност да создаде нов живот. Затоа, залагањата за сопствената безбедност и здравје стануваат уште поважни.

Advertisement

Една трудница во Велика Британија открила дека истото тело во кое се развивало нејзиното бебе истовремено било и дом на тумор во нејзините јајници.

За среќа, со помош на модерната медицина, лекарите успеале да ги спасат и мајката и нејзиното дете со уникатна и иновативна операција.

Кога Луси била во 12. недела од бременоста, лекарите ѝ кажале дека има рак на јајниците, пренесува Би-би-си. Таа се присетила како првпат дознала дека нешто не е во ред додека била на ултразвук.

Advertisement

„Радиологот ни објаснуваше како напредува бебето, изгледаше многу здраво, а потоа само замолче“, се присетува Луси.

„Само неколку минути се гледавме со Адам и мислевме: ‘О, Боже, очигледно нешто не е во ред и таа не е среќна’“, додаде Луси. На крајот, радиологот ѝ кажал дека гледа нешто на јајникот и дека мора да посети специјалист.

Матката извадена, а бебето внатре

Осум недели подоцна, во 20. недела од бременоста, лекарите во болницата Џон Редклиф во Оксфорд извеле петчасовна операција, отстранувајќи тумори од двата јајника на Луси, зад матката.

Тие верувале дека ако чекаат до крајот на бременоста, ракот ќе се прошири низ целото тело, што би ја ставило Луси во сериозна опасност. За да ја извршат операцијата, лекарите ја извадиле матката од телото.

Матката на Луси, со бебето кое сè уште било внатре, останала прикачена за матичната артерија за да се обезбеди проток на кислород и хранливи материи за време на процедурата. Таа била прикачена и за јајцеводот и за грлото на матката. Матката била обвиткана со стерилни облоги со физиолошки раствор за да се имитира телесна температура.

Потоа, двајца членови на медицинскиот тим ја држеле матката во раце за време на целата операција. Откако го отстраниле ракот од јајниците, матката била вратена назад во телото.

Хуман Солемани Мајд, консултант за гинеколошка онкологија, го пофали тимот за успешно завршување на оваа сложена и предизвикувачка процедура.

„Предноста и експертизата на нашиот мултидисциплинарен тим обезбедија позитивен исход и за Луси и за нејзиното бебе“, рече тој.

принтскрин инстаграм

Луси исто така ја изрази својата благодарност до медицинскиот тим:

„Секој лекар, медицинска сестра со која зборувавме беа прекрасни, ме поддржуваа, беа стручни и ми  дадоа сигурност. Ниту за момент не се сомневав дека нема добро да се грижат за нас“, истакна таа.

Луси се породила природно во 37. недела, донесувајќи го на свет својот син, бебето Раферти, пренесе Good Morning Britain.

принтскрин инстаграм

„Тоа беше најнеобичниот, најстресниот период“, рече Луси.

„Но, тој е тука, прекрасен е, и апсолутно уживам да бидам негова мајка“, заклучи таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button