Реклама
FashionСтил

Чудесните изработки на Ратка Толеска – вака изгледа кога хартијата добива душа

„Изработките ми се од хартија, изработувам експлозивни кутии со димензии 10х10х10 см кои можат да бидат детска соба, забна ординација, изненадување за роденден, кујна, новогодишни кутии. Тука се и роденденските украси, честитки за разни пригоди...Сега сум фокусирана на празничната магија“ - вели Ратка.

Реклама

Креативноста на велешанката Ратка Толеска влече корени од детството, мајка ѝ била шнајдерка, а Ратка често ѝ и помагала околу сечењето теркови од модното списание „Бурда“. Ѝ помагала во ситните детали, нешто што таа можела да го изработи на таа возраст.

Ратка Толеска, фото-приватна архива

Во периодот кога Ратка сосема се препуштила на креативноста, работела во книжарница каде што хатриите, модните картони и други материјали биле околу неа, па можела да црпи идеи и потенцијали. Така, креативното изразување спонтано ѝ станало секојдневие, почнале да ѝ се остваруваат детските затскриени соништа и желби.

„Инспирацијата ја влечам од секојдневното живеење, мојата ќерка, Викторија, таа ми е најголем критичар и советник. Мојата прва креација се роди токму за нејзиниот прв роденден, која ми е главен поттик. Исто така следам трендови, социјалните мрежи со цел да допрам полесно до публиката“ – ни вели уметницата на почетокот на разговорот.

Маркетинг
фотографии – приватна архива

Изработувате и други украси кои се поврзани за нашето поднебје, а можат да бидат одлични подароци, кои техники и материјали најчесто ги користите?

Маркетинг

– Главно изработките се персонализирани и комерцијални. Јас лично би сакала да не е баш така, но најчесто се бараат токму такви.

Имам изработено експлозивна кутија со стара македонска куќа, со детали кои ја доловуваат. Изработив неколку кујни-експлозивни кутии, не се со наши, македонски мотиви. Од техники би издвоила квилинг, техника од тенки хартиени ленти со чие виткање се формираат слики, букви итн.

А најчесто работам со хартија. Изработките ми се од хартија. Изработувам експлозивни кутии, тоа се кутии со димензии 10х10х10 см кои можат да бидат детска соба, забна ординација, изненадување за роденден, кујна, новогодишни кутии. Потоа, тука се роденденските украси, честитки за разни пригоди. Од неодамна почнав со цртање на стакло и порцелан, изработка на куклички-самовилки кои се комбинација од дрво и платно, но и дрвени куќички кои се многу симпатични.

фотографии – приватна архива

Што подготвивте за празничниот период?

– За овој магичен период подготвив чаши за ракија со интересни пораки. Шољи исцртани рачно со новогодишни мотиви. Лампиони со самовили во својата внатрешност. Дрвени снежни куќички во разни бои. Мини шишенца со кратки пораки внатре. И ако имам малку повеќе време, би направила уште нешто. Оваа година ќе учествувам и на Новогодишниот базар во Велес, па еве една покана до сите.

Дали верувате дека изработката на украси може да биде корисен начин за развој на креативноста и моториката кај децата? 

– Сметам дека тоа е точно, со рачни изработки се активира повеќе движењето на прстите, рацете, се развива фината мотирика, подобро оформување на буквите, пишување, чувството за допир, мазно, топло, рапаво…

фото-приватна архива

Што е следно што подготвувате?

– Се подготвувам за престојнот базар во Велес. Фокусирана сум на новогодишната магија, засега.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button