Чудесна средба пред Велигден – познатата пејачка ја спаси Ира од самоуништување
Ниту една средба во животот не е случајна — токму кога сè изгледа загубено, ја запознаваме вистинската личност која сосема ќе нѐ промени.

Кога светлината згаснува и сè околу нас изгледа безнадежно, тогаш често се случуваат најголемите чуда. Такво чудо доживеала младата Ира, која токму пред Велигден — симболот на новиот живот — добила втора шанса да заживее.
Судбинската средба со една жена засекогаш ѝ го променила животот.
Advertisement
Ира долго време се борела со длабока депресија. Во обид да избега од болката, се свртела кон окултни практики, езотерија и лажни духовни учења, но наместо мир, пропаѓала само во поголема бездна.
„Чувствував дека сум целосно изгубена. Сè изгледаше бесмислено, а темнината ме обвиваше од сите страни,“ раскажува Ира.
Во тие најтешки денови, судбината ѝ ја испратила средбата со прочуената руска пејачка Олга Михајловна — позната по изведба на православни песни.

Нивната средба се случила наизглед случајно, но за Ира тоа било јасен знак дека ниедна средба во животот не е случајна.
„Во мигот кога мислев дека за мене нема спас, ми пристапи жена со мир во очите и зборови полни со живот,“ вели Ира, пренесуваат руските портали.
Олга Михајловна со трпение и љубов ѝ зборувала на Ира за верата, за Христос, за вистинската светлина која може да го осветли и најмрачниот пат. Таа ѝ предложила да се крсти и да го прифати Христа како свој Спасител.
Ира, иако во почетокот била збунета и несигурна, најпосле прифатила. Се крстила токму пред Велигден.
„Додека стоев во храмот, меѓу многу непознати луѓе, не разбирајќи целосно што се случува, но почувствував како нешто се крева од мене. Кога ме потопија во водата, ми се чини дека сета тежина што ја носев исчезна,“ сведочи Ира.
По крштението, започнал нејзиниот нов живот. Кошмарите што ја мачеле — соништа за гушење и темни сеништа — исчезнале. Стравот што ја парализирал со месеци, одеднаш се стопил. Наместо страв, почувствувала внатрешен мир и радост каква што никогаш порано не искусила.
„Вистинското чудо не беше само тоа што исчезнаа моите кошмари, туку тоа што конечно почувствував дека сум сакана, дека животот има смисла,“ раскажува Ира со солзи радосници.
Таа денес силно верува дека средбата со Олга Михајловна била Божји дар.
„Ниедна средба во животот не е случајна. Господ ни праќа вистински луѓе тогаш кога најмногу тонеме, за да не дозволи да паднеме и за да се прочистиме и смениме,“ вели таа.
И за навистина, токму пред Велигден — празникот на воскресението, кога светлината ја победува смртта — Ира лично го доживеала своето мало воскресение.
„Воскреснав пред Велигден. Благодарение на верата, на крштението, и на жената што Бог ја испрати да ме спаси,“ завршува Ира.