Реклама
BEAUTYФитнес

Чучневи – пријател на вашиот добар изглед

Реклама

Иако се наоѓаме во есенско, врнежливо и тмурно време, кое неретко не’ прави нерасположени, се чини дека токму сега е вистински момент да започнете со вежба која позитивно ќе се одрази на вашиот изглед, но и на вашето здравје.

ФОТО: readersdigest.ca

Вежбањето на отворено секогаш има предност, но временските услови не го дозволуваат тоа секогаш, па она што ви го предложуваме е во удобноста на вашиот дом да започнете со здрав живот во кој многу брзо ќе се заљубите.

Чучневите се вежба со која сигурно сте добро запознаени, а фактот дека се работи за совршена вежба за нозете и задникот, дополнително треба да ве поттикне никогаш да не прескокнете една серија чучневи. Освен за зацврстување, тие се одлични и за кондицијата, но и за зајакнување на мускулите на остатокот од телото, затоа што ако правилно ги изведувате, потребно е да ги активирате и мускулите на стомакот.

Маркетинг

Па, самата динамика на вежбите зависи од вашата физичка подготвеност, па ако сте почетник имајте мал број серии кои постепено ќе ги зголемувате. Пред самите чучневи, потребно е добро да се истегнете, за да избегнете потенцијални повреди, посебно на колената. Па, како што споменавме, дозволете му на телото постепено да доаѓа до посакуваната форма.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button