Реклама
MAMAКафе муабет

Човек кој израснал помеѓу волци раскажува дека е разочаран од луѓето

Реклама

Шпанецот Маркос Родригез Пантоја, кој живеел со група волци повеќе од 12 години, неодамна изјавил дека е разочаран од животот помеѓу луѓето. Овој Шпанец бил вратен во цивилизацијата кога имал 19 години. Денес тој има 72 години и нагласува дека уште се нема навикнато на животот помеѓу луѓето.

Пантоја е роден во Кордоба во 1946 година. Неговата мајка починала кога имал само 3 години, а набрзо потоа неговиот татко го напуштил и отишол да живее со друга жена во соседниот град. Како дете, Пантоја бил одведен во планината, каде требало да го замени стариот овчар кој се грижел за повеќе од 300 овци. Тој нагласува дека од него научил да прави многу работи и како да се снаоѓа.

Маркетинг

Откако умрел овчарот, Пантоја останал сам во планината. Уште не е познато како тој завршил со група волци во планината, каде што бил пронајден 12 години подоцна. Во тој период овој човек го заменил говорот со животински крици. Откако бил вратен во цивилизацијата, тој никако не можел да се навикне на животот помеѓу луѓето. Во еден период од својот живот се обидел да се врати помеѓу волците, но тие повеќе не го доживувале на ист начин.

Овој Шпанец додавадека последните убави спомени во животот биле врзани токму за животот со волците, каде чувствувал вистинска љубов. Пантоја е еден од ретките луѓе кои го поминале својот живот со диви луѓе, при што и денес е предмет на различни студии.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button