MAMAРецепти

Чорба од цвекло – необичен рецепт за кој малкумина знаат

Advertisement

Цвеклото се смета за зеленчук кој благотворно делува на крвната слика. Па, денес ви прикажуваме еден необичен рецепт за негова подготовка, кој можете да го испробате уште веднаш.

ФОТО: bakinakuhinja.com

Потребни состојки:

  • 2 главици варено цвекло
  • 2 варени моркови
  • 1 поголем варен компир
  • 1 млад кромид или праз
  • 2-3 чешниња лук
  • Сол, малку масло
  • 1 лажичка павлака (може и без неа)
  • Малку варена супа или чиста зовриена вода

Начин на подготовка:

Исечкајте го младиот кромид и запржете го на малку масло. Сварете ги цвеклото, морковот и компирот, па ставете ги во блендер, па потоа додајте го лукот и пржениот кромид, па додајте малку супа. Сето ова добро изблендирајте го. Ставете го во чинија, па ако ви изгледа премногу густа, додајте уште малку од супата или чистата вода. Додајте сол и по желба една лажичка павлака, па добро измешајте. Вашата чорба е готова!

Advertisement

Доколку сакате да ви биде посна, отфрлете ја павлаката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button