Новости

Чевларот без чевли – ќе се изненадите што никогаш немал дома Халид Бешлиќ

Advertisement

Легендарниот пејач на народна музика, Халид Бешлиќ, кој почина на 72-годишна возраст по тешка болест, остави зад себе длабока трага во музиката на целиот Балкан. Неговата кариера, долга повеќе од четири децении, е симбол на една ера во која песните се пееја од срце, а стиховите стануваа дел од душата на нардото.

Џеназата на славниот пејач ќе се одржи в понеделник, на 13 октомври, во џамијата Гази Хусрев бегво Сараево, по што ќе биде погребан на гробиштата Баре во Сараево. Зад себе Халид ја остави сопругата Сејда, на која ѝ ја посвети последната негова песна, синот Дино и две внучиња – Ламија и Белмин Кан, кои беа негова најголема гордост.

Advertisement

Но, тоа што малкумина го знаеја за Халид е дека тој никогаш не чувал ниту една своја плоча во својот дом.

На едно видео снимено за време на негов престој во Германија, каде им потпишувал плочи на своите обожаватели, пејачот открил:

Advertisement

„Немам ниту една своја плоча дома“.

Овој необичен детаљ само ја потврдува неговата скромност и едноставност, карактеристики што го следеа низ целиот живот.

И покрај огромната популарност, Халид никогаш не се однесувал како ѕвезда, беше човек од народот, секогаш достапен и искрен.

Халид Бешлиќ остави зад себе песни кои останаа вечни, а особено е сакана песната „Се враќам кај мајка ми во Босна“ (Враћам се мајци у Босну), објавена во 1986 година по големиот хит „Неќу, неќу дијаманте“.

Според сведочењата на неговиот долгогодишен соработник, композиторот и текстописец Назиф Гљива, инспирацијата за песната потекнала од љубовна приказна на неговиот син Емир, кој се вљубил во девојка по име Драгана од Белград. Таа младешка љубов подоцна прераснала во семејно пријателство, а песната станала еден од најемотивните симболи на носталгија и љубов кон родната земја.

Денес, Драгана живее во Белград и е успешна бизнисменка и мајка, а песната што ја инспирирала и понатаму одекнува низ кафеаните и радијата, како потсетник на едно време кога музиката беше чиста емоција.

Смртта на Халид Бешлиќ остави голема празнина во балканската музичка сцена. Но, неговите песни и неговата скромност ќе продолжат да живеат, како потсетник дека вистинските легенди не умираат, туку засекогаш остануваат во срцата на својата публика.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button