BEAUTYНега и здравје

Четири бројки кои ви откриваат дали треба да ослабнете

Advertisement

Мислите дека килограмите се најважната бројка според која треба да одредете дали сте здрави и фит? Не дозволувајте вагата да ве обесхрабри непотребно. Имено, постојат 4 бројки кои исе поважни од килограмите, кога станува збор за здравјето. Следниве четири бројки ќе ви откријат дали сте во форма, дали треба да ослабнете.

ФОТО: cheatsheet.com

Обем на струкот

Ако најмногу масно ткиво ви се собира на подрачјето на стомакот, вие сте под зголемен ризик од срцеви болести и дијабетис тип 2. Обемот на струкот треба да го измерете така што со метро ќе го опфатите местото точно над колковите, односно некаде во висина на папокот. Кај жените обемот на струкот не треба да биде поголем од 90 сантиметри

Advertisement

Број на отчукување на срцето кога сте во мирување

Ставете ги двата прста на пулсот, на зглобот или на вратот, и избројте колку пати срцето ви отчукува во една минута. Бројката би требало да изнесува помеѓу 60 и 100 отчукувања. Пониска бројка генерално укажува на подобро физичко здравје, додека повисоката алармира на недоволно физички активности, затоа што тогаш срцето мора да работи понапорно.

Процент на поткожно масно ткиво

Здравиот процент на поткожно ткиво кај жените изнесува од 20 до 32 проценти.

Базален метаболички ритам

Базалниот метаболички ритам во предвид ја зема вашата висина, тежина, пол и телесната активност, со цел да се пресмети просечниот број на калории кои ги согорувате додека одмроате. Оваа борјка може да ви помогне да одредите колку калории помалку мора да внесувате секој ден, со цел да ја изгубите посакуваната тежина.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button