BEAUTYНокти

4 чекори до совршен маникир: Вака правилно се негуваат ноктите

Advertisement

Ако често ви се уништуваат ноктите, можеби веќе се помиривте со тоа дека имате „лоши нокти“. Но, во најголем број случаи тоа не е точно, туку проблемот за таквите нокти се крие во некои од следниве четири причини, или комбинација од нив.

Ви недостига железо

Ако слабо јадете месо, а го избегнувате и темнозелениот зеленчук, тогаш можно е да ви фали железо. Па, потребно е во вашата исхрана да воведете повеќе црвено месо, зеленчук, мешунки и да се посоветите со лекар ако е потребно да земете и некои суплементи.

Advertisement

Ноктите ги користите како „алат“

Ако сосема природно ви е да ги вадите налепниците од новите производи со вашите нокти, тогаш ова може да биде еден од главниот проблем за нивната кршливост.

Често ставате гел лакови

После само два или три пати ставање гел, вашите природни нокти се уништуваат, стануваат тенки и ослабени. Па, откако ќе се откажете од оваа навика ќе ви бидат потребни големи нерви додека не ги доведете во ред.

Користите силни производи за чистење без да носите ракавици

Топлата вода и детергентите за чистење се огромен непријател на вашите нокти. Затоа, секогаш практикувајте да носите заштитни ракавици, па дури и кога миете садови.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button