Стресот е дел од секојдневието.
Стресот е дел од секојдневието. Брзиот начин на живот ве принудува да се прилагодите на тоа и веќе вие не сте истите луѓе кои сте биле вчера. Но, за да живеете помирен, посреќен и поисполнет живот, треба да научите како да се справите со постојаното ниво на стрес. Најпрво и најважно е да го признаете стресот кој може да биде придружен со физички симптоми кои вклучуваат чувство на исцрпеност, мала енергија, главоболки, стомачни тегоби или болки во градите. Како и да е, тој различно се манифестира кај различни луѓе, па затоа, треба да се анализирате себеси и да дознаете што е најефективно за вас. За таа цел, следете ги овие чекори.
Чекор 1:
Пронајдете што е она што го предизвикува вашиот стрес. Бидете свесни и реални, фокусирајте се подетално на она што ви се случува и пронајдете го изворот на вашиот стрес. На пример, можете да водите дневник и да ги напишете работите кои ви се непријатни, како и во што резултирале тие. Тоа не е комплицирано, а ќе ви овозможи да ги следите најважните точки во денот кога сте биле налутени, вознемирени и слично. Правете го ова во период од една недела и врз основа на тоа ќе можете да донесете соодветни заклучоци.
Чекор 2:
Отидете некаде подалеку од сите случувања. Ова не значи дека треба да си отидете од работното место или пак да го напуштите вашиот дом, туку едноставно треба да ги избегнувате причините за вашиот стрес. Откако ќе дознаете што е она што најмногу ве вознемирува, вие ќе можете да си најдете некое побезбедно место за себе, каде што ќе можете да ги наполните своите батерии и да се подготвите за наредните случувања. Доколку не сте во можност физички да го напуштите стресното место, тогаш затворете ги очите и обидете се ментално да се оддалечите и да се справите со вознемиреноста.
Чекор 3:
Бидете ментално подготвени. Исто така како што вежбате за вашето тело, потребно е да го тренирате и вашиот ум. За оваа цел треба да развиете начин на размислување кој ќе ви помогне да се заштитите себеси од ефектите на стресот. Така, настојувајте секогаш да издвојувате барем пет минути за себе, да најдете среќно место, музика што ве опушта и слично.
Чекор 4:
Бидете физички подготвени. Секогаш вежбајте кога имате можност, затоа што физичките вежби го намалуваат стресот и го зголемуваат хормонот на среќата. Не мора да одите во теретана, туку едноставно брзото одење или лесните вежби дома ќе ви помогнат да го постигнете ова. Дефинитивно ќе се чувствувате подобро од повеќе аспекти!
Чекор 5:
Научете да управувате со оние работи кои ви создаваат притисок. Не можете секогаш да бидете во можност да го избегнете стресот, па затоа морате да научите да управувате со него. Така, откако веќе имате откриено кој е изворот на вашиот стрес, научете да го промените начинот на кој ги гледате тие работи или пак да ја подобрите својата ментална издржливост.
Чекор 6:
Побарајте помош. Ако ништо од претходно наведените работи не може да ви помогне, тогаш ништо нема лошо во тоа да побарате совет. Без разлика дали е тоа разговор со ваш пријател или некоја стручна помош, важно е да успеете правилно и без последици да се справите со стресните моменти!