Нега и здравје

Чај од билка која ја имаме од која засекогаш ќе ви се згадат цигарите – моќен природен рецепт што го користат билкарите 

Едноставна напивка од само една билка што создава силна одбивност кон тутунот, а делува и на подобрување на варењето.

Advertisement

Многумина на различни начини се обидуваат да се откажат од силната зависност, пушењето, но само малкумина успеваат во тоа. При тоа, се вложуваат големи суми пари за различни препарати и лекови за одвикнување од овој порок, но најчесто и тие средства „паѓаат во вода“.

Но, во народната медицина одамна постои природна горка напивка која, според билкарите, буквално предизвикува гадење при секој обид за запалена цигара.

Advertisement

Главната состојка е иѓирот, ароматичен корен познат по својата силна горчина и исклучителна моќ да го наруши „задоволството“ од пушењето.

Рецептот е едноставен, но се подготвува на специфичен начин за да ја извлече лековитата состојка на иѓирот.

принтскрин јутјуб

РЕЦЕПТ: Како се прави чајот од кој ќе ви се згадат цигарите

Состојки:

1 супена лажица корен од иѓирот (Acorus calamus) – иситнет

2 супени лажици мајчина душица (се додава следното утро)

500 мл ладна вода

Подготовка:

Навечер ставете една супена лажица иѓир во половина литар ладна вода.

Промешајте, поклопете и оставете да отстои преку ноќ.

Наутро загрејте ја смесата, но внимавајте, не смее да зоврие!

Додадете две супени лажици мајчина душица.

Пoклопете и оставете 15 минути.

Процедете и пијте во мали голтки во текот на денот.

Според народните билкари, кај голем дел од пушачите оваа напивка предизвикува силна одбивност, горчлив вкус што се „судиpa“ со вкусот на тутунот и предизвикува гадење при секој обид да се запали цигара.

Колку често се пие?

Пијте една до две шолји дневно, не повеќе.

Зошто токму иѓир?

Коренот од иѓир расте на мочуришта и покрај реки, има силен мирис и горчина. Кога се внесува како чај создава одбивност кон чадот и вкусот на цигарата, го „расипува“ чувството на уживање при пушење, делува на варењето, особено кај лица со проблеми со желудочна киселина.

„Половина од луѓето престануваат да пушат, а другата половина престануваат да го пијат чајот“, се шегуваат билкарите, но ефектот е реален.

принтскрин јутјуб

Како делува иѓирот на организмот

Во народната медицина иѓирот е познат како една од најсилните природни билки за одвикнување од пушење. Според традиционалните фитотерапевти:

горчините во коренот го стимулираат центарот за вкус во мозокот, менувајќи го рецептивниот одговор на никотин

го намалуваат допаминскиот „удар“ што го дава цигарата, па задоволството брзо исчезнува, при секој обид за пушење се создава одвратност, тежина во желудникот или гадење, што го намалува импулсот да се запали цигара.

Се смета дека иѓирот ја „ресетира“ навиката, бидејќи телото почнува да го асоцира чадот со непријатност.

Каде може да се најде иѓир во Македонија?

принтскрин јутјуб

Во билни аптеки и продавници за здрава храна. Најчесто се продава како корен од иѓир (сушен, во кесички). Цената е достапна, а се продава во мали пакувања од 30–50 грама.

Иѓирот може да се засади и лесно да се одгледува и двор, доколку земете корен (обично се купува од соседна Србија или од Бугарија каде што растението е многу повеќе познато и распостраето). Може да се информирате за коренче од иѓир и од локалните билкари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button