Холивуд

И покрај тоа што Иванка ги копираше популарните сандали од „Chanel“, Меланија сепак повеќе преферира да носи оригинал

Advertisement

Нејзината модна куќа често е на удар на модните критичари дека ги копира креациите на познатите брендови

Advertisement

36 годишната ќерка на Доналд Трамп, Иванка, очигледно нема проблем со копирање. Таа е секогаш гламурозна и дотерана, па не ретко облеката и обувките со дизајнерски потпис што ги носи завршуваат и во колекциите на нејзиниот бренд кој го продава низ продавниците ширум Америка.

Па така обожавателите на нејзиниот бренд можат да ги купат славните сандали од „Chanel“ во две бои, со удобни високи потпетици, и тоа за многу попристојна цена.

Advertisement

Имено, оригиналните сандали од „Chanel“ прв пат се преставени во 1957 година и од тогаш преставуваат синоним за елегантни обувки што секоја дама со подлабоки џебови треба да ги има во своите плакари.

Ваквата идеја за женски обувки во две бои „Chanel“ одамна ја понуди и кај балетанките и затворените салонки.

И додека за еден ваков дамски модел од познатиот бренд треба да издвоите околу 800 долари, моделот што го продава Иванка низ трговските центри во моментот е на попуст и може да се најде и за помалку од 100 долари што го прави далеку подостапен и многу попопуларен од сандалите со етикетата на престижата модна куќа „Chanel“.

Но без разлика на добрата понуда што ја нуди ќерката на Доналд Трамп, нејзината маќеа, Меланија Трамп сепак повеќе го цени оригиналот, па не ретко ги носи своите балетанки од овој бренд во две бои.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button