Реклама
MAMAКафе муабет

Ценете го моментот кој го поминувате со вашите сакани, тој момент НИКОГАШ повеќе нема да се повтори

Реклама

Секој момент е единствен, секоја секунда е уникатна и никогаш повеќе не се повторува.

ФОТО: Shutterstock

Ценете го моментот кој го поминувате со вашите сакани. Намалете ги нервозите, забелешките, негативностите и озборувањата. Исполнете ја секоја секунда со љубов, почит, разбирање и кажете си колку си значете. Направете добро дело за оние кои ви значат. Оттргнете ја лутината и заборавете на оние кои ве повредиле, зашто така само ќе се полните со омраза.

Отворете ја својата душа за позитивната енергија. Вдишете длабоко и не настојувајте по секоја цена да стигнете на врвот, зашто уживањето не е слатко ако сте сами. Колку и да сте „повисоко“, осаменоста боли.

Маркетинг

Зграпчете го секој миг и претворете го во единствен спомен. Прегрнете ги вашите најмили, кажете им колку ги сакате, покажете им дека тие ве прават среќни и дека во нив ја гледате смислата на животот. Не ограничувајте си ја својата љубов, мислејќи за утрешниот ден. Денес и овој миг никогаш повторно нема да дојдат.

Еден ден ќе застанете на прозорецот од својата куќа и ќе ги погледнете случајните минувачи. Ќе се сетите на вашата младост и на вашите соништа. Но тогаш нема да жалите за нештата кои сте ги направиле, туку за оние кои сте ги пропуштиле, затоа што сте биле зафатени со нешто што кога ќе остарите нема да има никаква вредност.

Маркетинг

Најголемата вредност во животот се саканите. Се’ друго избледнува и исчезнува со текот на времето. Но трагите кои ги остава љубовта траат вечно!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button