Реклама
Celebrity

Цеца и Карлеуша со тажна порака за нивната пријателка – еве што НАПИШАА кога дознаа дека заминала кај ангелите…

Реклама

Бројни естрадни личности се простуваат од Исидора Бјелица, која го изгуби животот на 52 години.

Меѓу нив е и Јелена Карлеуша

Маркетинг

Карлеуша на својот профил на Инстаграм најпрво ја објави пораката што Исидора и’ ја испратила кога го пејачката останала без својата мајка Дивна, па воедно го испрати и својот последен поздрав до писателката.

„Нашите животи на Земјата се само дел од патот. Она што ќе го оставиме како траг по нас единствено има смисла… А по тоа како не памтат толку сме биле големи. Патувај драга моја Исидора, остави трага која не може да се избрише. Сега нема болка, нема проблеми, нема препреки… Само чиста енергија, на која вистински и припаѓаш“, напиша Карлеуша.

Маркетинг

„Драга Јелена, прими го моето длабоко сочувство. Дивна беше една од најблагородните жени што сум ги запознала. А колку сила, енергија, храброст му е потребен на човекот да се бори со оваа морбидна болест луѓето што не поминале низ ова не можат ни да замислат. Исидора Бјелица.“

И Цеца со трогателна порака

Проштална порака за писателката напиша и Цеца.

Малкумина знаат дека Исидора беше добра пријателка со пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, која ред 5 години и го плати лекувањето во Лондон.

Цеца тогаш за медиумите изјави дека Исидора е нејзина долгогодишна пријателка и дека е нормално да и се најде кога и е најпотребно.

Цеца вчера се прости од неа со потресна порака:

„Мила моја, многу ќе ми недостигаш. Нека де чуваат ангелите“, напиша познатата пејачка на социјалните мрежи.

Инаку, малкумина знаат дека Карлеуша како Цеца Ражнатовиќ има помогнато во лечењето на Исидора.

Имено, во 2015 година Бјелица откри како Карлеуша самата ја викнала, а потоа и дала неколку совети, но и финансиска помош. И помогнал и Владо Георгиев.

„Ми се јави Јелена Карлеуша, која финансиски и духовно ми помогна. Јелена ме фрапираше и воодушеви кога ми кажа: Доста патетика, дај да ти помогнеме. Ме трогна и Владо Георгиев, кој преку социјалните мрежи испрати повик до луѓето со добра волја да му отстапат простор како би одржал хуманитарен концерт со кој би ми помогнал. Не можам да верувам, трогната сум, плачам бидејќи со Владо најмалку сум се гледала од луѓето од јавната сцена. Последен пат го видов пред три години, дури и немам негов телефонски број да му се јавам и да му се заблагодарам“, изјави Исидора тогаш воодушевена од хуманоста на овие луѓе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button