Цеца во кусо фустанче какво што носеше и кога беше матурантка – и на 50 години изгледа фатално!
Ова провокативно издание на Цеца ги воодушеви сите
Изгледа неверојатно, посебно за нејзини години
Балканската фолк дива, Светлана Цеца Ражнатовиќ, во мини фустанче настапи во Врњачка Бања и ги украде сите погледи.
Нејзиното тело во тесниот фустан и високите потпетици изгледаше неодоливо, а половината тесна како никогаш досега.
Како што пренесуваат медиумите, познатата пејачка посебно ја изненадила публиката и ја подигнала атмосферата кога се свртела со грбот, па тесниот фустан совршено ја истакна нејзината позадина.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Цеца во ова издание изгледаше беспрекорно, како некоја фатална дива, а пред само неколку недели наполни 50 години.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Како таа изгледаше и зошто сите зборуваат за ова нејзино издание, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Цеца и на матурската во фустан со слична должина
Светлана Цеца Ражнатовиќ својата матурска ја прослави во 1991 година, кога веќе беше голема ѕвезда во Југославија.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Цеца тогаш го носеше моминското презиме Вељковиќ и имаше 18 години, како и бројни хитови и завидна кариера зад себе.
Таа на матурската се појави во кус фустан во розова нијанса, а како изгледаше погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Оттогаш имаат поминато триесет и кусур години, а пејачката се уште во ваков фустан изгледа фасцинантно.