Цеца се забавуваше со Анастасија и Вељко во кафеана – нивните прекрасни комбинации предизвикаа бројни коментари!
Познатата фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ не ретко знае да излезе и да се забавува со своите деца Анастасија и Вељко.
Така беше и минатиот викенд кога заедно со нив се забавуваше во еден познат белградски ресторан, каде и овој пат поради нивното присуство атмосферата беше на ниво. Вељко за целото време не ја тргаше насмевката од неговото лице, а Цеца и Анастасија ги воодушевија сите со нивните елегантни комбинации.
Имено Цеца носеше свилена беж кошула која и стоеше одлично, додека нејзината ќерка „фураше“ мал цветен фустан со голи раменици.
Цеца и Анастасија и само еден ден претходно предизвикаа бројни позитивни коментари кога на еден настан исто така се појавија во мошне провокативни изданија. Цеца носеше долг црвен фустан со долги ракави, додека нејзината ќерка црна тоалета со отворено деколте и длабок шлиц.