Реклама
Холивуд

Меган во уште едно одлично издание, а сите гледаа во овој детаљ

Реклама

Меган Маркл повторно на насловните на модните магазини

Овој пат во прашање е комбинацијата што идната војвотка ја носеше при нејзината посета на Северна Ирска. Имено таа за оваа пригода носеше здолниште до под колена во темно зелена боја со која и одаде почест на Ирска додека целата комбинација ја зачини со туника со потпис на генијалната Викторија Бекам стилето високи потпетици од кадифе од италијанската модна куќа „Prada“ и капут во преубава пудра нијанса од нејзиниот омилен канадски бренд „Mackage“.

Маркетинг

Но она што најмногу ги воодушеви сите е чантата во коњак боја со потписот на релативно непознатиот британски бренд Charlotte Elizabeth.

Маркетинг

Моделот и не е многу скап – 12.000 денари

Имено, Маркл за посетата на Белфаст го носеше моделот „New Edition Bloomsbury“ што е нова верзија на најпознатиот модел на тој бренд. Моделот крие интересна приказна која има врска со нејзиното идно семејство.

Шарлот Џонс е млада 23 годишна британска дизајнерка која стои зад овој познати бренд, а која е корисник на „Фондацијата на принцот“ која во 1976 ја основаше принцот Чарлс како би помогнал на сиромашната млада популација во Обединетото кралство, посебно на оние на возраст од 11 до 30 години кои имаат проблем со здравјето и немаат свој дом. Младата Џон на 16 години морала да го напушти школувањето поради големи здравствени проблеми. Таа имала проблеми со срцето и операцијата што следуваше ја врзаа младата Британка за кревет, а тогаш и се родила идејата да започне да прави чанти. Во разговор за Телеграф таа откри дека тоа и било мотивација додека ги поминувала најтешките моменти во животот и лежела парализирана повеќе од година дена. Таа благодарение на средствата од Фондацијата пред две години доби можност да отвори и започне свој бизнис.

„Навистина е прекрасно да ја видите Маган Маркл како ја носи чантата Charlotte Elizabeth The Chestnut Bloomsbury“ изјави младата дизајнерка која по ова сигурно е пренатрупана со нарачки од целиот свет.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button