Реклама
Престиж

Кабриолет концептот на Bentley Mulsanne

Реклама

Производителите на една од најлуксузните марки на автомобили во светот, ни дадоа мал увид во изгледот и воопшто новиот концепт за нивниот најнов кабрио модел, наречен Bentley Mulsanne…

Цртежите за овој најнов модел беа претставени пред одбрана публика од САД, како и за неколку одбрани медиуми. Благодарение на web информациите и податоците и ние го имаме тоа задоволство да ви го прикажеме првиот увид во она што наскоро треба да следи.

Маркетинг

Сепак, се уште нема дадено цврсти технички детали и карактеристики – ова всушност претставува ’клиничка сесија‘ базирана на модифицираната верзија на моделите од познатата серија Mulsanne и слободно може да речеме, интерпретација на познатиот Bentley Azure.

Се очекува продукциската верзија на оваа кабрио ѕверка да користи 6.75 литарски дупол турбо V8 мотор, со јачина од 505 КС, при што забрзувањето би требало да биде околу некои 5.1 секунда, а врвна лимитирана брзина би била околу 305 km/h. – и покрај големата тежина од 2.5 тона која што ќе ја поседува.

Маркетинг

{simplepopup}

{/simplepopup}

alt

Се очекува моделов да му биде директна конкуренција на најавениот кабрио модел на Rolls-Royce, “Phantom Drophead”, како со техничките можности за перформанс, како и со цената која што треба да биде околу 300 000 евра.

Најголемиот дел од претходниот модел Azure воглавно беа продадени во САД, па токму затоа овде се одржува и промоцијата за најновиов модел. Се очекува овде да бидат продадени голем број од овие спортски луксузни возила, со тоа што овој пат како голем потенцијален пазар треба да биде и кинескиот.

На нашиот пазар не му се ’заканува‘ појава на ваков терминатор на ’полиците‘ за луксузни модели, па затоа ние уште од сега решивме да ви дадеме неколку фотографии на она што не очекува во белиот свет.

alt 

alt  

alt

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button