Реклама
Портрети

Бугарски бренд кој наскоро би можел да им биде омилен и на многу шик Македонки

Реклама

Три пријателки кои ја освојуваат светската модна сцена

BY FAR – тоа е името на новиот бугарски бренд за чевли кој во 2016 го основаа сестрите Валентина и Сабина заедно со нивната најдобра пријателка Денитса. Тие тогаш најверојатно ни не слутеле дека ќе се најдат високо на списокот со желби, и тоа не само на девојките од Бугарија, туку и на најпознатите ИТ девојки од целиот свет и да бидат дел од безброј #ootd постови на Инстаграм. Нивната основна формула за дизајн е зацртана во прашањето: „Што е тоа што ние самите би го носеле секој ден?“ а производите што настанаа под оваа едноставна модна филозофија се удобни и квалитетни чевли кои го спојуваат винтиџ стилот и модерната функционалност. Овој спој ќе придонесе брендот за многу кратко време да стане вистински хит на социјалните мрежи и денес да го носат бројни познати актерки, инфлуенсерки, стилистки, уреднички на модни портали, манекенки, блогерки …

Маркетинг

Маркетинг

Нивната најголема предност е во тоа што секој пар е рачно изработен, од „премиум“ материјали, а ако на тоа го додадеме и фактот што користат неискористена кожа која што ја отфрлиле луксузните италијански брендови, ќе дојдеме до вистинската вредности со кои BY FAR полека, но сигурно станува познат бренд препознатлив во светски рамки.

Па, гоооооооолемо БРАВО за овие три дами!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button