Бугарите не ја сакаат, ама затоа во Македонија сите ја обожаваат – Василија е нашата нова фолк ѕвезда
Кога се појави на сцената блескаше во преубавиот фустан и зрачеше со елеганција покрај својот колега

Пејачката ги воодушеви сите и со фустанот што го носеше
Младата пејачка Василија Петрова заедно со Благоја Грујовски го освои второто место на фестивалот „Фолк-фест Валандово“.
Но покрај нивната песна, публиката беше воодушевена и од модната креација со која Василија заблеска на големата сцена.
Инстаграм/ Василија Петрова
Имено, оваа млада дама за оваа пригода носеше долг „гол“ фустан од бела тантела зачинета со цветови и постава во беж нијанса.
Овој романтичен фустан зрачеше со својата магија, а Василија целото издание го зачини со црвен кармин и црвени високи потпетици.
Инстаграм/ Василија Петрова
Раскошниот фустан гја следеше линијата на нејзиното убаво тело, а тенката половина дополнително ја нагласи со тенок бел ремен.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Василија Петрова
Потсетуваме, Василија неодамна се најде во фокусот на јавноста откако во бугарските медиуми беше обвинета за „предавство“.
Инстаграм/ Василија Петрова
Имено, пејачката во Бугарија беше обвинета дека се преставува како Македонка иако е родена во Ќустендил и според нив е Бугарка.
Повеќе за ова прочитајте тука…