Ова е помалиот брат на една од најбогатите пејачки – од Македонија замина сиромашна, сега е милионерка
Братот на познатата пејачка се појави во „Ѕвездите на Гранд“ и ги воодушеви сите, а Цеца посебно

Ваков настап никој не очекуваше
Буби Адемов, братот на познатата фолк-пејачка Надица Адемов, се појави на сцената во „Ѕвездите на Гранд“ и сите ги изненади.
Буби доби максимален број гласови, а доби глас и од продукцијата така што во следниот круг помина директно со осум гласови. Пред самото гласање, во студиото се вклучи и Надица, која му даде поддршка и не криеше колку се гордее со својот помал брат.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
„Со што ве хранат за така да пеете? Нешто пијат. Сестрата везе кога пее, еве сега и братот убива кога пее“, одлично, изјави Цеца.
И останатите членови на жирито беа воодушевени од неговиот настап, а Кеба му порача дека е како Хулио Иглесијас.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Буби доби пофални зборови и од рокерот Давид кој додаде дека сигурно ќе го постигне успехот на својата сестра, ако не и поголем.
Буби потоа за менторка ја избра Цеца, која беше воодушевена од оваа негова одлука и што си доби ваков талент во тимот.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Од тежок живот, до милиони
Потсетуваме, Буби е помлад брат на Надица Адемов, пејачка чија кариера започна токму во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа денес ужива во изобилие и важи за една од најбогати пејачки на Балканот, но детството и беше мошне тешко.
Принтскрин/ Инстаграм
Пејачката во една пригода откри дека нејзиниот родители биле сиромашни и дека немале се што имаат и другите деца.
Имено, Надица е родена во Скопје и има уште еден брат, кој е отприлика на нејзини години, а Буби е најмалиот.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Нејзините родители работеле на пазар, па тие како мали цело време биле со нив, без разлика дали е зима или лето.
И како што самата вели, нејзината мајка морала да ги носи со неа, бидејќи едноставно немало кој да ги чува дома.
Тие кога Надица била многу мала се селат во Суботица, а нејзините дедо и баба останале да живеат во Скопје, па немало кој да ги чува.
Принтскрин/ Инстаграм
Инаку, Надица во својата младост беше вљубена во човек кој беше 19 години постар од неа, а нејзините родители оваа врска не ја одобруваа.
Од овие причини пејачката тогаш едно време не беше во добар однос со нив, а како што изјави неодамна во интервју за телевизија Блиц, тоа и денес и е најголема рана во животот.
Пејачката денес живее со својот партнер Дамир кој е милионер и со кого имаат две деца – ќерката Мелини и синот Амел.
Повеќе за ова дознајте тука >>