Ви предлагаме сами да си направите вкусни здрави грицки кои можете да ги понесете на работа или да ги послужите гостите со сирење, маслинки и слично. Заедно со нив ви предлагаме да си направите и супер вкусен сос.
Потребни состојки: 2 шолји (од 250 мл.) бадемово или обично брашно, 3/4 лажичка сол, 1 лажица сув или свеж босилек, 1 лажица маслиново масло и 2 лажици вода. Во соодветен сад измешајте го брашното, солта и босилекот. Во друг, помал сад измешајте го маслиновото масло и водата, па додадете ги во брашното и мешајте додека состојките не се соединат.
Направете топка од тестото и ставете ја меѓу две парчиња мрсна хартија за печење, па расукајте ја во диск или правоаголник со дебелина 0,5 см. Потоа тргнете ја горната хартија и тестото заедно со долната хартија ставете го во соодветна тава. Исечете го тестото на квадратчиња со обичен нож или нож за пица. Загрејте ја рерната на 180Ц и печете 9-11 минути додека не заруменеат. Извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат дваесетина минути.
За подготовка на сосот потребно ви е: 2-3 чешниња лук, 6 свежи листови босилек, 1 шолја пекан ореви, 1/3 шолја маслиново масло, 230 гр. крем сирење, ½ шолја изрендан чедар или пармезан и бибер. Исечкајте го лукот, пропржете го на маслиново масло, па исечкајте го босилокот и сите состојки измешајте ги во блендер или сецко.
Послужете со свежо испечените крекери.
Извор: LivingHealthyWithChocolate