Реклама
MAMAРецепти

Рецепт: Брзи и слатки кифлички со џем или чоколаден крем, без квасец

Реклама

Слатки кифлички без квасец кои ќе ги подготвите за 15 минути!

Потребни состојки:

  • 300 грама брашно
  • 10 грама прашок за пециво
  • Малку сол
  • 20 грама шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 200 грама кисела павлака
  • 100 грама стопен путер

Начин на подготовка: Во еден сад ставете го брашното, додајте го прашокот за пециво, солта, шеќерот и ванилениот шеќер и сето ова измешајте го. Стопете го путерот. Во брашното направете мала дупка и ставете кисела павлака и стопениот путер, па сето заедно измешајте и соединете ги. Поделете ги на два дела, секој дел да биде околу 320 грама, па замотајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер најмалку половина час. Тестото треба да биде меко, но да не се лепи за рацете. Оладеното тесто вадете го едно по едно. Ставете брашно на работната површина и развијте го тестото што е можно потенко. Исечете 12 или 16 делови за помали кифлички. Филувајте со џем или чоколаден крем, па замотајте го во кифлички и подредете ги во сад кој претходно сте го прекриле со хартија за печење.

Загрејте ја рерната на 200 степени, па истото ова направете го и со другиот дел од тестото. Ако џемот ви е потечен, тогаш додајте малку бисквити или мелени бадеми. Кифличките печете ги околу 15 до 20 минути, малку да заруменат или на пониска температура за да останат побели. Оставете ги да се оладат па посипете ги со шеќер во прав.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button