Рецепти

Брза торта со боровинки и урми – без печење

Реклама
Реклама

Оваа торта е идеална за вљубениците во сирова храна, но и за оние кои немаат многу време, а сакаат на брзина да подготват нешто благо, вкусно и здраво.

Маркетинг

Како што расте популарноста на сировата храна, така се зголемува и бројот на рецепти за подготовка на разни вкусни сирови јадења. Се отвораат нови можности и се раѓаат нови идеи во кулинарството, базирани на здрави намирници. За среќа на љубителите на благото, на овој начин настанаа и многу нови рецепти за десерти.

За подготовката на тортата со боровинки и урми не ви треба никаква специјална опрема, туку само добар блендер или сецко за храна, калап за торта и место во фрижидерот. Уште една поволност е тоа што во рецептот се наведени замени доколку не можете да најдете некои од состојките.

Потребни состојки

Маркетинг

За кората:

· 2 шолји непечени бадеми
· 1/2 шолја урми
· 1/4 шолја кокосово брашно
· 1/4 лажичка морска сол

За филот:

· 3 шолји индиски ореви, потопени во вода во текот на ноќта
· 3 шолји свежи измиени боровинки
· 15 урми, потопени во вода околу 1 час
· Сок од 1 лимон
· 1 лажичка екстракт од ванила
· 2 лажички сушена лаванда (не е задолжително)
· 1/4 лажичка морска сол
· 1/4 шолја сиров агавин сируп (или потечен мед, малку разреден со вода)
· 1 лажица кокосово масло, растопено (или кое било растително масло)

За посипување:

· 1/2 шолја ореви
· 1/4 шолја урми
· 1/4 шолја кокосово брашно
· 1/4 шолја овесен гриз (или овесни снегулки или некои други грубо смелени снегулки)
· Малку екстракт од ванила и малку морска сол

Најпрво подгответе ја кората. Измелете ги бадемите во сецкото или блендерот. Додадете ги и останатите состојки за кората и мешајте се додека не добиете густа компактна смеса. Ако смесата е ретка, можете да додадете уште некоја урма. Ставете ја смесата во калап за торта, убаво распоредете ја и притиснете ја на дното на калапот (со пречник од околу 20 сантиметри), а потоа ставете во фрижидер да се замрзне.

Додека чекате подгответе го филот. Измијте ги и исцедете ги индиските ореви и урмите, и убаво измешајте ги во блендер или сецко. Додадете ги и останатите состојки за филот освен кокосовото масло и мешајте убаво да се добие хомогена смеса. На крајот додадете го и кокосовото масло. Сипете ја смесата преку филот и потоа пак вратете во фрижидерот.

Во сецко за храна исечкајте ги грубо оревите и урмите, додадете ги и другите состојки за посипување и убаво измешајте. Посипете ги преку филот и благо притиснете. Вака подготвената торта оставете ја уште околу еден час во фрижидер пред да ја послужите.

Извор: ADashofCompassion

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button