Диети

Брза диета со домати: Симнете 3 кг. за само 5 дена

Advertisement

Доматите се одлична храна за која било диета бидејќи во 100 гр. содржат само 18 калории!

Advertisement

Можете да ги јадете во супа, вариво или салата, во никој случај нема да погрешите, бидејќи доматите се вкусни и хранливи а содржат многу малку калории. Токму поради ова, американската експертка за храна Џуди Роблик осмислила диета која се заснова на домати и со која можете за многу кратко време да се ослободите од вишокот килограми. Доматите се многу вкусни и богати со витамини А и Ц, калиум и ликопен, силен антиоксиданс кој го намалува ризикот од малигни заболувања. Ако се придржувате на диетата за 5 дена ќе симнете 3 килограми и ќе го прочистите организмот од отрови.

Правила на диетата

Advertisement

–    Диетата трае 5 дена, но можете да ја повторите по пауза од 2 дена.
–    Заборавете на слатките, белиот леб и мрсните сирење, а наместо тоа концентрирајте се на риба и пилешко, овошје и зеленчук, и интегрални житарки.
–    Можете да користите маслиново масло, како и сол и бибер и ароматични билки.
–    Секое утро откако ќе се разбудите треба да испиете чаша млака вода на празен желудник.
–    Јадете најмалку 4 пати дневно.
–    Појадокот и ужината можат да бидат со домати или без нив, но ручекот и вечерата мораат да содржат и домати.
–    Не е важно дали зеленчукот е свеж или сварен, важни се вистинските комбинации.
–    Ако сакате да го зајакнете имунитетот, почесто консумирајте варени домати.

План за исхрана

За појадок изберете една од следниве три опции:
– Интегрална кифла намачкана со 2 лажици немасно сирење и еден домат.
– Две парчиња тост намачкани со маргарин/путер и две парчиња шунка.
– 200 гр. јогурт со ниска масленост измешан со лажица мед и две големи лажици овесни снегулки.

Ден 1
Ручек: домати со сирење. Измешајте 300 гр. сечкани домати, 200 гр. младо сирење, прелијте ги со лажица ладно цедено маслиново масло и зачинете со босилок. Со салатата изедете и 30 гр. интегрален леб.
Ужина: 100 гр. овошје по ваш избор
Вечера: тестенини во сос од домати. Исечкајте два моркови и продинстајте ги малку на маслиново масло, додајте 50 мл. пилешка супа и динстајте уште 5 минути. Потоа додајте 450 гр. сечкани домати, ставете сол, бибер и пола лажичка мед, па варете на тивок оган уште 15 минути. Сварете 100 гр. интегрални тестенини и прелијте ги со вака подготвениот сос.

Ден 2
Ручек: грчка салата. Исечете една главица кромид, два домати и една поголема краставица, па прелијте ги со маслиново масло и додадете сол по желба. Со салатата можете да изедете и 30 гр. интегрален леб.
Ужина: филџан кафе и 2 бисквити
Вечера: чорба со ослич. Издинстајте 2 главици ситно исечкан кромид на маслиново масло, додадете 2 поголеми домати претходно излупени и исечени на парчиња, коцка супа од зеленчук и половина литар вода. Кога супата ќе зоврие, додадете едно исечкано филе од ослич, па варете уште дваесетина минути. Зачинете по желба.

Ден 3
Ручек: омлет. Издинстајте 100 гр. исечкани шампињони и 300 гр. исечкани домати на маслиново масло. Кога ќе испари водата, додадете 2 изматени јајца и потпечете.
Ужина: 2 моркови
Вечера: телешко со домати. Испечете една телешка шницла од околу 150 гр. на тефлонска тава и зачинете ја по вкус. Во друг сад ставете ситно исечкан кромид и 2 домати да се издинстаат, додадете ја шницлата, па варете на тивок оган уште 15 минути.

Ден 4
Ручек: ладно гаспачо. Исечкајте 300 гр. домати, една пиперка и една поголема краставица, додадете лажица маслиново масло, 2 чешниња лук и 2 парчиња издробен тост па се убаво измешајте во блендер. Додадете сол и бибер по желба и оставете во фрижидер да се излади.
Ужина: сендвич со домати
Вечера: домати со ориз. Издлабете 3 домати и ставете ги во огноотпорен сад. Измешајте 100 гр. младо сирење и 125 гр. обарен ориз, малку босилок, домат исечен на коцки и лук, па наполнете ги доматите. Печете околу 25 минути на 200 степени.

Ден 5
Ручек: италијанска салата. Исечете 400 гр. домати на коцки, па додадете им малку зелена салата, прелијте со 2 лажици маслиново масло и оцет, додадете сол и бибер по желба. Исечете еден тост на коцки па ставете ги врз салатата.
Ужина: јаболко со мед и нане. Исечете едно киви и една јаболка на коцки, измешајте со лажичка мед и зачинете со свежи листови нане.
Вечера: паприкаш. Издинстајте една главица ситно исечкан кромид, додајте 200 гр. компир исечен на коцки, 4 моркови исечени на кругови, 2 страка праза и 100 гр. печурки, зачинете по желба, додадете 100 мл. супа од зеленчук и чаша сок од домати, па варете уште 15 минути.

Диетата ќе биде уште поефикасна ако пред и по оброкот пиете што повеќе природни сокови од овошје и зеленчук, чаеви и негазирана минерална вода.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button