Реклама
MAMAРецепти

Мусака од тестенини и зеленчук – ручек за оние кои немаат многу време за готвење

Реклама

Изберете еден ден во неделата кој ќе ви биде за тестенини, а сепак здрав оброк кој ќе ви ги нахрани и телото и душата.

ФОТО: bettycrocker.com

Потребни состојки:

  • 1/2 помал праз
  • 100 грама шунка
  • 200 грама спанаќ
  • 250 грама тестенини
  • 1 домат
  • 1 лажичка ајвер
  • 2 чешниња лук
  • 100 грама тврдо сирење
  • Масло, сол, бибер

Ако сакате прелијте и запечете со:

  • 2 лажички кисела павлака
  • 2 јајца
  • 50 милилитри млеко

Начин на подготовка: Сварете ги тестенините, процедете ги и ставете им малку масло за да не се залепат. Во посебен сад на масло запржете го сечканиот праз, додајте ја сечканата шунка и запржете ги, па потоа ставете го варениот и исечкан спанаќ, лукот, солта и на крајот исечканиот домат. Тестенините распордете ги во мал сад за печење, па ставете им коцкички сирење.

Маркетинг

Тестенините можете да ги јадете на овој начин, а ако сакате да ги запечете во рерна, тогаш во посебна чинија изматете 2 лажички кисела павлака, 2 јајца и малку млеко. Сето тоа добро измешајте го и прелијте преку јадењето. Добро растресете за павлаката да влезе помеѓу тестенините. Печете на загреана рерна од 200 степени Целзиусови, околу 30 минути, за добро да се запече, а ако треба продолжете го печењето.

Совет плус: Имајте предвид дека за да не ви се залепат тестенините, треба да додадете сол во водата во која ќе ги варите, а тоа ќе им даде и подобар вкус. Ако сепак се решите да ги подготвите тестенините на друг начин, овој совет ќе ви биде од корист затоа што солената вода од варените тестенини е одличен додаток за сос, благодарејќи на скробот кој дополнително ќе го згусти.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button